Top Sport

Леброн Џејмс: Тоа беше најлошата работа која сум ја сторил во кариерата (видео)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс призна дека направил чекори на дуелот кој „Езерџиите“ го добија убедливо против Јута откако се појави видео снимка на која може да се види како кошаркарот прави очигледни чекори. Снимката набрзина ги преплави социјалните мрежи, а реакцијата беше поради тоа што судиите не досудија ништо.

„Тоа беше една од најлошите, веројатно најлошата работа која сум ја направил во кариерата. Не ни разбрав што направив се до полувремето, се додека еден од тренерите не ми покажа. Жал ми е за судиите затоа што најверојатно поради ова ќе ги казнат или нешто слично“ – изјави Џејмс.

Scroll to Top