Лос Анџелес Лејкерс продолжи со поразите и Леброн Џејмс го има најслабиот старт со тимот по првата сезона во НБА. Минесота победи со 111:102, а тоа беше петти пораз за Лејкерс.
Леброн Џејмс постигна 28 поени, седум скока и пет асистенции, но и тоа не беше доволно за поволен резултат на тимот. Тој се запиша и во историјата како најдобар во НБА со натпревари на кои надминал 20 поени, рекорд што досега го држеше Карл Мелоун.
Кај Минесота најдобар беше Ентони Едвардс со 29 поени, четири скока и две асистенции.
Ниту нешто послабата шутерска вечер на Никола Јокиќ не го спречи Денвер да забележи победа над Јута, 117:101. Српскиот центар е навикнат речиси секоја вечер да биде предводник во тимот на Нагетс, но овојпат дури тројца имаа подобар ефект од него на теренот.
Јокиќ за неполни 26 минути постигна 12 поени, а на тоа додаде десет скока и шест асистенции.
Боунс Хајленд беше најдобар кај Нагетс со 26 поени со скок и три асистенции, Мајкл Портер имаше 22 поени со 13 скока и асистенција, а Џамал Мареј постигна 13 поени.
За Јута Лери Марканен постигна 17 поени, а Мајк Конли 14.
Денвер веќе имаше 13 поени предност на полувремето (63:50) и победата никогаш не беше доведена во прашање бидејќи Нагетс во еден момент од последната четвртина имаа дури 29 поени предност, 108:79. Јута до крајот само успеа да го ублажи поразот.
Карис Леверт и Донован Мичел постигнаа по 41 поен во составот на Кливленд, кој го продолжение успеа да го победи Бостон Селтикс со 132:123. Џејлен Браун беше стрелец на 32 поени за Селтикс.
Резултати: Детроит – Атланта 112:136, Орландо – Шарлот 113:93, Бостон – Кливленд 123:132 (прод.), Торонто – Филаделфија 90:112, Вашингтон – Индијана 117:127, Милвоки – Њујорк 119:108, Минесота – ЛА Лејкерс 111:102, Сан Антонио – Чикаго 129:124, Денвер – Јута 117:101, Феникс – Њу Орлеанс 124:111, Портланд – Хјустон 125:111.