Top Sport

Леброн доби спектакуларна „банана“ (Видео)

Во НБА лигата не постојат многу играчи кои можат да се пофалат дека успеале да го изблокираат Леброн Џејмс и тоа кога се обидува да забие.

Листата на такви играчи е мала, а на неа сега се наоѓа и младиот Џерет Ален од редовите на Бруклин Нетс.

На натпреварот на двата тима 20-годишниот Ален демонстрираше врвна одбрана и со брилијантна блокада го запре пробивот на Леброн.

Статистиката вели дека Леброн во кариерата имал 18.50 обиди за забивање и дека само девет пати бил блокиран.

Scroll to Top