Top Sport

Леброн ги крена Лејкерси во калифорниското дерби, Дончиќ со нов трипл-дабл

Леброн Џејмс пак беше лидер н Лос Анџелес лејкерси, откако со своите 37 поени, 8 скока и 7 асистенција помогна да стигнат до тесна 136:134 победа над Сакраменто кингс, нивна петта победа едноподруго и покрај отсуството на Ентони Дејвис.

Клучните поени на мечот ги постигна Денис Шредер, кој со слободните фрлања на 3.6 секунди пре крајот ја обезбеди победата и го заврши мечот со 27 поени, 4 скока и две асистенции. Кај Кингс, Диерон Фокс имаше 34 поени, 9 асистенции и 2 скока, додека Домантас Сабонис заврши со 25 поени, 12 скока и 7 асистенции.

Далас маверикс, пак, влегоа во топ 4 на Западната конференција, откако предводени од Лука Дончиќ стигнаа до 127:117 побеа над Њу Орлеанс пеликанс. Словенечката супервѕезда овојпат имаше 34 поени, 10 скока и 10 асистенции, со што по деветти пат оваа сезона има трипл-дабл.

Scroll to Top