Top Sport

Леброн ги внесе Лејкерси во плеј-офот, Валанчунас блескаше против Сан Антонио

Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во плеј-офот од седмата позиција во Западната конференција, додека за осмото место ќе се борат Голден стејт Вориорс и Мемфис Гризлис.

Лејкерси, во борбата за седмото место забележаа победа 103:100 над Голден стејт Вориорс. Од друга страна дулеот на деветтиот Мемфис и десеттиот Сан Антонио им припадна на Гризлис со 100:96.

Леброн Џејмс, со тројка од девет метри, преку Стеф Кари, на 59 секунди до крајот го реши дуелот Лејкерс-Вориорс.

Вориорс на шест минути до крајот на третиот период имаа предност од 12 поени, која Лејкерси ја анулираа со серијата од 7:17.

Леброн натпреварот го заврши со трипл-дабл од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Покрај Џејмс, клучен ихрач во победата на лејкерс беше Ентони Дејвис, кој во последниот период постигна 13 од своите 25 поени.

Леброн и Дејвис ја поништија одличната партија на Стеф Кари кој ги предводеше Вориорс со 37 поени.

Вориорс ќе имаат уште една шанса да изборат место во плеј-офот. Противник ќе им бидат Мемфис Гризлис. Јонас Валанчунас и Дилон Брукс ги предводеа Гризлис до победата над Сан Антонио 100:96.

Литванецот одигра брилијантен натпревар (23 поени и 23 скока), Брукс постигна 24 поени, а Џа Морант 20 поени.

Кај Сан Антонио по 20 поени реализираа Демар Дерозан и Руди Геј. а трипл-дабл од 10 поени, 13 скокови и 11 асистенции забележа Дехунте Мареј.

Scroll to Top