Top Sport

Леброн го „скокна“ Мелоун, пред него се Чембрлен и Џордан (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа над Индијана Пејсерс 104:96, а Леброн Џејмс уште еднаш испиша нови страници во историјата на НБА лигата.

Џејмс во победата на ЛА Лејкерс постигна 38 поени и на вечната листа го мина Карл Мелоун. Дуелот со Индијана Пејсерс беше 436. во кариерата на Џејмс, на кој постигнал најмалку 30 поени.

Пред него се уште само Вилт Чембрлен (515) и Мајкл Џодан (562).

Џејмс против Пејсерс од поле погоди 15 од 27. обиди, а покрај 38. поени, запиша уште девет скока и седум асистенции.

ЛА Лејкерс, во моментов, се наоѓаат на седмото место во Западната конференција со 12 победи и седум порази.

Scroll to Top