Top Sport

Леброн и Адетокумбо први, и Дончиќ со над 3 милиони гласови!

Леброн Џејмс уште е „кралот“ на НБА-лигата, откако досега успеа да собере 3.8 милиони гласови за Ол-Стар натпреварот, и е лидер пред „грик фрик“ Јанис Адетокумбо, кој има нешто над 3.6 милиони гласови.

Ако остане вака, Џејмс и Адетокумбо сигурно ќе бидат капитени на својот тим, а местото во првата петорка му е обебедено и на словенечкиот ас Лука Дончиќ од Далас маверикс, кој има 3.3 милиони гласови по нецела НБА сезона!

Најдобриот стрелец во НБА пак, Џејмс Харден, најверојатно нема да биде стартер, бидејќи заостанува 400.000 гласови зад Дерик Роуз! НБА Ол-Стар натпреварот ќе се оддржи во Шарлот на 17 февруари.

Scroll to Top