Top Sport

Меси и Дембеле го победија Леванте и ја однесоа Барса во четврт-финале (видео)

Лионел Меси имаше две асистенции до Усман Дембеле и постигна еден гол, за Барселона со 3:0 да го победи тимот на Леванте во реваншот од осминафиналето на Кралскиот куп, поништувајќи ја предноста од 2:1 кои ја имаа гостите од Валенсија по првиот меч.

Толку критикуваниот Дембеле постигна два гола за една минута во 30. и 31. минута да го „нокаутира“ Леванте, пред Меси во 54. минута да стави печат на победата.

Претходно и „соседот“ на Барселона, Еспањол се пласираше во четврт-финалето, откако со 3:1 го победи Вилјареал откако првиот меч заврши 2:2.

Фото: ЕПА

Scroll to Top