Top Sport

Леброн и Лав ги растурија Торонто Репторс (Видео)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс направија уште еден брејк во Торонто, во полу-финалето во Источната конференција, и поведа против Репторс со 2-0.

Кливленд го декласира Торонто 128:110, а Леброн Џејмс се запиша во историјата. „Кралот Џејмс“ го одигра својот 16.плејоф меч на кој забележал повеќе од 30 поени и 10 асистенции и на првото место на вечната листа го мина Мајкл Џордан.

Кавалирс предводени од Џејмс и Кевин Лав го растурија Торонто во третата четвртина, кога и го трасираа патот кон втората победа во Канада. Играчите на кливленд во третиот период постигнаа 37 поени. Шутот од поле кај Кливленд изнесуваше 60 отсто, а Кавалирс погодија 11 тројки од 26 обиди.

Џејмс одново беше незапирлив за противниците, натпреварот го заврши со 43 поени, осум скока и 14 асистенции. Најдобриот меч во плејофот го одигра Кевин Лав кој имаше учинок од 31 поен и 11 скока.

фото: epa

Најдобри во редовите на Торонто беа Демар Дерозан со 24 поени, односно Кајл лаури со 21 поен.

Третиот меч од оваа серија ќе се игра в недела од 2:30 часот, во Кливленд.

Scroll to Top