Top Sport

Селтикс се вратија од -22, водат против Филаделфија 2-0

Бостон Селтикс ги совлада Филалделфија ’76 108:103 и во оваа полу-финална серија води 2-0. Селтикс ја одбранија предноста на домашниот терен иако во еден момент од натпреварот има анегатива од 22 поени.

Настаните на теренот до средишницата на втората четвртина во целост ги контролираше Филалделфија, Во тој период Филаделфија имаше водство од 22 поени (30:52). До крајот на полувремето Селтикс со серија 18:3 ја намалија предноста на противниците на само пет поени.

фото: epa

Бостон доминираше на теренот во второто полувреме, Филалдлефија некако успеваше да го следи ритамот, дури и да го врати водството 88:93. Сепак Бостон возврати со нова серија, а клучните поени ги постигнаа ветеранот Ал Хорфорд и Џејсон Тејтум.

Дебитантот тејтум со 21 поен го предводеше Бостон, Тери Розир уфрли 20, а Маркус Смарт 19 поени. На спротивната страна Џоел Ембид забележа 13 поени и 14 скока, поен помалку реализира Роберт Ковингтон, а Дарио Шариќ беше стрелец на 14 поени.

Scroll to Top