Top Sport

Леброн и Лејкерс издоминираа против Портланд

Леброн Џејмс имаше 38 поени, 12 скока и 8 асистенции за да ги предводи Лос Анџелес лејкерс до 116:108 победа над Портланд трејлблејзерс за 2:1 водство во првото коло од плејофот во Западната конференција.

Ентони Дејвис постигна 23 од своите 29 поени во второто полувреме и заврши со 11 скока, 8 асистенции и 3 блокади, Кентавиус Колдвел-Поуп додаде 13, а Алекс Карузо 10 поени во меч во кој Лејкерси успеаја да го сопрат атомскиот напад на противнциите.

Дамијан Лилард имаше 34 поени и покрај тоа што играше со повреда на прсттот, а Си Џеј Меккалам имаше 28 поени за Блејзерс, кои имаа само 41.1 отсто успешност од поле.

Оклахома Сити тандер пак, по продолженија ги доби Хјустон рокитс со 119:107 за да ја намалат нивната предност на 2:1 во нивната серија. Крис Пол имаше 26 поени, 6 скока и 5 асистенции, Шеј Гилгус-Александер имаше 23 поени, а Денис Шредер 29 поени од клупата.

Scroll to Top