Top Sport

Леброн и Вестбрук не разговараат меѓу себе

Познатата НБА франшиза Лос Анџелес Лејкерс се најде во нови проблеми по сезоната во која тимот пол со ѕвезди не успеа да се пласира во плејофот. Американските медиуми пишуваат дека двете најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Расел Вестбрук, не разговараат меѓу себе. Двајцата се сретнале на еден натпревар во Летната лига и не размениле ниту еден збор.

Тие меѓусебно се игнорираат, пишува „Sports Illustrated“ и додава дека ова е најголемата вест од претсезонскиот натпревар на Лејкерси.

„Можеби тоа значи нешто, можеби не значи ништо, а можеби значи сè“, пишува „Atletic“.

Да потсетиме, оваа информација доаѓа во момент кога Лејкерс и Бруклин Нетс интензивно преговараат за размена. Лејкерси имаат намера да го испратат Вестбрук во Бруклин, а во спротивна насока би требало да тргне поранешниот соиграч на Џејмс од Кливленд, Кајри Ирвинг.

Scroll to Top