Top Sport

Леброн ја фаулираше келнерката, па се извини со прегратка (видео)

На синоќешниот НБА меч меѓу домаќинот Портланд и ЛА Лејкерс, првата ѕвезда на „езерџиите“, Леброн Џејмс беше еден од најзаслужните за победата на својата екипа со 31 поен, 7 скока и 8 асистенции, попрецизен од него беше само Ентони Дејвис, со 39 поени.

Сепак, мечот го одбележа еден интересен момент. При едно враќање кон сопствениот кош, Леброн не ја забележа келнерката која ги послужуваше навивачите во првиот ред на теренот, зад себе, па ја турна и таа се најде на земја.

Сепак, во знак на извинување, се врати, ја подигна жената и ја прегрна.

Погледнете:

Scroll to Top