Top Sport

Тргната забраната за „сините“, се спрема список со желби за јануари

Челси е повторно на пазарот откако Арбитражниот спортски суд ја преполови казната на „сините“ и ја тргна забраната за купување играчи, па клубот уште во јануари ќе може да го засилува тимот.

Челси со менаџерот Лампард, со овој состав моментно е четврти во Премиерлигата, а ако следната недела го победи француски Лил во Лондон, ќе обезбеди и ноакут-фаза во ЛЕ.

Сепак, Челси веќе има направено список со желби уште за јануарскиот преоден рок.

Прв на него е младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо (19) кој „миионерите“ сакаат да го продадат пред се поради неговата недисциплина. Можно е со неговиот ангажман „сините“ да го срушат клупскиот рекорд од 85 милиони евра, колку што клубот пред 18 месеци плати за голманот Кепа Аризабалага.

На листата на желби е и играчот на Лестер, бекот Бен Чилвел. Пореална мета од него е дефанзивецот на Борнмут, Холанѓанецот Натан Аке.

Германскиот двоец, Каи Хаверц и Тимо Вернер нема да доаѓаат на „Стемфорд Бриџ“ иако претходно се пишуваше дека лондонскиот клуб е заинтересиран за нивни ангажман.

Сепак, англиските медиуми пишуваат дека Челси е подготвен да се бори со Ливерпул и Наполи за добедување на играчот од среден ред на Генк, Сандер Берг.

Во јануари „сините“ би можеле да тргнат и по крилото на Кристал Палас, Вилфред Саха, но не по секоја цена иако Челси има на располагање околу 150 милиони евра, најголем дел од продажбата на Еден Азар во Реал Мадрид. На тоа ако се додаде дека летово Челси ќе добие и 68 милиони евра за Алваро Мората (Атлетико Мадрид) чија позајмица ќе стане трајно купување, тогаш станува јасно дека Лампард ќе има доволно за трошење.

Scroll to Top