Top Sport

Леброн како Џордан и Мелоун (Видео)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс, благодарение на Леброн Џејмс, ги победија Бруклин Нетс 121:114. „Кралот Џејмс“ го предводеше својот тим со 37 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Леброн десетти пат во една сезона успеал да постигне најмалку 2.000 поени и влезе во друштвото на Мајкл Џордан и Карл Мелоун. Џордан во 11 свои сезони, а Мелоун во 12 сезони успевале да ја надминат бројката од 2.000 поени.

Покрај Џејмс кај Кливленд се истакна и Кевин Лав (20 поени, 15 скока), додека Бруклин го предводеше Џо Херис со 30 поени.

Кливленд со оваа победа остана на третото место во Источната конференција, со скор 44 победи и 29 порази, додека Бруклин е на 13.место со 23 победи и 51 пораз и без шанси за пласман во плејофот.

Scroll to Top