Леброн Џејмс признава дека не сака да троши премногу кога тоа не е потребно, иако во минатото покажа дека е дарежлив човек.
„Кралот“ на Кливленд кавалирс, на пример, потроши 41 милиони долари да прати деца од Акрон, Охајо на колеџ, а донираше 2.5 милиони долари на музејот на Афро-Американска историја.
Но, човекот кој ќе заработи 31 милиони долари оваа сезона, отворено признава дека е „најевтиниот“ човек во НБА лигата. Кога неговиот колега Двејн Вејд посочи дека Леброн не го користи телефонот ако нема бесплатна ви-фи мрежа, Леброн призна дека е така.
„Не го вклучувам податочниот проток, не купувам апликации, уште имам Пандора со реклами. Не плаќам за тоа“, изјави Леброн.