Top Sport

Леброн: ЛА Лејкерс се историска франшиза

Леброн Џејмс, новата ѕвезда на ЛА Лејкерс, го даде првиот коментар по доаѓањето во новиот тим. Џејмс на почетокот а месецот потпиша четири годишен договор со ЛА Лејкерс, вреден 53,3 милиони долари.

Поранешниот кошаркар на Мајами и Кливленд бил воодушевен поради можноста што ќе соработува со НБА легендата, Меџик Џонсон.

„Имам можност да играм за оваа историска франшиза. Имам можност да соработувам со Меџик, кој ми беше идол додека бев дете. Сакав како него да додавам без гледање да имам свој ‘шоутајм“. Сега се се спои во овој момент“, рекол Леброн.

Покрај Леброн во Лејекрси веќе пристигнаа неколку одлично кошаркари, а целта на „езерџиите“ да го вратат шампионскиот прстен.

„Мислам дека тајмингот е се. Во моментов сум в таква позиција. Возбудата е голема бидејќи сум ‘езерџија’. Среќен сум поради тоа, верувам дека Лејкерс се историска франшиза, шампионска франшиза и ќе се обидеме да ја вратиме тамо каде што припаѓа. Среќен сум бидејќи и јас сум дел од тој процес“, завршил Леброн Џејмс.

Scroll to Top