Top Sport

Милан му нуди работа на Конте

Поранешниот менаџер на Челси, Антонио Конте, ќе добие понуда да седне на клупата на Милан. Конте, пред две недели доби отказ во Челси, а според италијанските медиуми веќе добил понуда за ново работно место.

На Апенините се шпекулира дека Милан може да му понуди годишна плата од шест милиони евра.

Прашање е како на ова ќе реагираат и навивачите на Милан, бидејќи Конте е поранешен играч и тренер на големиот ривал Јувентус. Исто така, прашање е дали Конте ќе сака да работи бидејќи води правна битка со Челси. Конте од „сините“ бара да биде исплатен според договорот, бидејќи доби отказ тој бара 9,5 милиони фунти.

Одредена пречка може да биде и тоа што Милан има тренер, Џенаро Гатузо, за кого и новиот спортски директор Леонардо, во петокот рече дека популарниот Рино ќе остане на чело на Милан.

Scroll to Top