Хјустoн го дoби и втоирот натпревар во серијата против Минесота, додека Кливленд и Јута израмнија на 1:1 против Индијана односно Оклахома.
Минесота имаше сили за само една четвртина против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната. Тимбервулвс имаа предност од седум поени, а потоа Хјустон одговори со серија 25:8.
На почетокот на третата четртија играчите на Хјустон се одлепија на разлика од 20 поени со што го решија победникот.
Крис Пол со 27 поени и осум асистенции, односно Џералд Грин со 21 поен и 12 скока го предводеа Хјустон, додека кај Минеоста се истакна Немања Бјелица со 16 поени, осум скока и по две асистенции и украдени топки.
Кливленд по катастрофалниот пораз во првиот меч, успеа да ја победи Индијана во вториот 100:97 и да израмни во серијата. Кливленд на крилјата на Леброн Џејмс по првата четвртина имаше предност 33.18. Џејмс во овој период постигна 20 поени.
Индијана имаше двоцифрен минус се до финишот на третата четвртина, а во последниот период Пејсерс се доближија на само четири поени негатива. Меѓутоа Леброн не им дозволи на гостите да направат уште еден брејк.
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 46 поени, 12 скока, пет асистенции и три украдени топки. Н а спортивната страна најефикасен со 22 поени беше Виктор Оладипо.
Јута успеа да ја одземе предноста на домашниот терен што ја има Оклахома, откако победи во вториот меч 102:95 и израмни во серијата на 1:1.
Џезерите и на овој меч покажаа дека се сериозна екипа, водеа во текот на целиот натпревар, а во најчесто нивната предност беше двоцифрена.
Дебитантот Донован Мичел ја предводеше Јута со 28 поени, додека Шпанецот Рики Рубио мечот го заврши со 22 поени, девет скока и седум асистенции.
На спротивната страна Расел Вестбрук мечот го заврши со 19 поени, девет скока и 13 асистенции, поен помалку постигна Кармело Ентони.