Top Sport

Леброн не може сам, Голден стејт води во големото финале (Видео)

Голден стејт Вориорс водат со 1-0 против Кливленд Кавалирс во големото финале, во НБА лигата. Вориорс по продолжението славеа 124:114, откако Џералд Грин пропушти шанса да им ја донесе победата на Кавалирс во регуларниот дел од натпреварот.

Четвртата последовна финална серија помеѓу Вориорс и Кавалирс започна во Оукленд со драматична победа на домаќинот, кој успеа да го преживее неверојатното издание на Леброн Џејмс. „Кралот Џејмс“ натпреварот го заврши со личен плеј-оф рекорд од 51 поен.

Кливленд ќе жали за пропуштената шанса бидејќи на пет секунди до крајот на регуларниот дел Грин при резултат 107:106 реализира само едно слободно фрлање.

Во продолжението Кавалирс немаа сили да се изборат со противникот. Вориорс со неколку тројки ставија точка на мечот.

Покрај Леброн кај Кливленд се истакна уште и Кевин Лав со 21 поен и 14 скока.

Вориорс го предводеше Стеф кари со 29 поени, Кевин Дурент постигна 26, а Клеј Топмсон 24 поени. Одличен меч одигра и Дрејмонд Грин кој во финишот погоди две важни тројки, а мечот го заврши со 13 поени, 11 скока, девет асистенции и пет блокади.

Scroll to Top