Top Sport

Леброн не може сам – Лејкерси декласирани од Финикс

Финикс Санс, лесно и убедливо, славеа во дуелот против Лос Анџелес Лејкерс 108:90. Санас со петтата победа во низа ја презедоа лидерската позиција во НБА лигата, со скор од 25 победи и пет порази. Лејкерси се без победа на последните три натпревари, со скор од 16 победи и исто толку порази тие се осми на Западот.

Лејкерси играа добро само во поголемиот дел од првото полувреме. Во еден момент имаа предност од десет поени. Финикс ја презедоа контролата во финишот на втората четвртина. Од тој момент растеше нивната предност, а во последниот период разликата достигна максимални 22 поени.

Девин Букер предводеше група од петмина играчи на Финикс кои постигнаа двоцифрен број на поени. Букер мечот го заврши со 24 поени, девет скока и седум асистенции, Диандре Ејтон забележа дабл-дабл (15 поени, 14 скока), по 14 поени постигнаа Микел Бриџис и Камерон Џонс, а Крис Пол уфрли 11 поени.

Леброн Џејмс со процент на реализација од 68 отсто се истакна кај Лејкерси. Џејмс натпреварот го заврши со 34 поени, седум скока и по две асистенции и украдени топки. Расел Вестбрук оствари дабл-дабл (22 поени, 10 скока), но имаше и седум загубени топки.

Резутати: Далас-Минесота 114:102, Мајами-Индијана 125:96, Њујорк-Детроит 105:91, Њу Орлеанс-Портланд 111:97.

Scroll to Top