Top Sport

Леброн побарал ЛА Лејкерс да го ангажираат Кармело

Донесен како големо засилување, Кармело Ентони по само десет натпревари ги напушти Хјустон Рокитс. Повеќе од еден месец еден од најдобрите офанзивни кошаркари во историјата на НБА лигата е без клуб, а негова следна дестинација би можеле да бидат ЛА Лејкерс.

Според американскиот медиум „Атлетик“, Леброн Џејмс, првата ѕвезда на „езерџиите“, имал состанок до претседателот на клубот Меџик Џонсон и генералниот менаџер Роб Пелинк и побарал да го донесат Мело во Лејкерси.

Интересно ова не е прв пат Џејмс да побара да му го донесат во тимот Кармело Ентони. Пред неколку сезони го побара тоа додека играше во Кливленд, дури предложил во замена за Мело клубот во Њујорк да го испрати Кевин Лав, меѓутоа Ентони тогаш заврши во Оклахома Тандер.

Кога Ентони доби отказ во Хјустон прв кој му пржи поддршка бил токму Леброн Џејмс.

Ентони во 16-годишната НБА кариера има просек од 24 поени, 6,5 скока и три асистенции по натпревар. Вкупно има постигнато 25.551 поени, а од активните играчи повеќе поени постигнале само Дирк Новицки (31.187) и Леброн Џејмс (31.381).

Scroll to Top