Top Sport

Манчестер Јунајтед го сакаат Покетино за наследник на Мурињо

Кога немаат вистинска тема за пишување англиските медуими се занимаваат со Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо. Во Англија се шпекулира дека челниците на Манчестер Јунајтед веќе немаат трпение и дека наскоро Португалецот може да добие отказ.

Кој ќе го наследи Мурињо во тој случај? Според истите извори на „Олд Трафорд“ имаат само една желба, а тоа е Маурисио Покетино, актуелниот тренер на фудбалерите на Тотенхем.

Ова операција нема да биде лесна и прашање е колку е реална. Покетино во 2016 година ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед, а нереално е претседателот на Тотенхем, Даниел Лави, да му дозволи на Аргетинецот да замине на половина од сезоната.

Покетино има голема желба да го води Тотенхем на новиот стадион. Тој минатото лето потпиша нов петгодишен договор. Наводно, Манчестер Јунајтед би требало да понудат најмалку 40 милиони фунти, за да го натераат тренерот да ја смени својата одлука.

Доколку Мурињо преживее и по Нова година, тогаш за да остане на клупата на Јунајтед ќе биде потребно да избори пласман во Лигата на шампионите. Во неговиот договор стои клаузулата дека ќе добие отказ доколку не се пласира во Лигата на шампионите.

Ова е подобра опција за Манчестер Јунајтед, барем така сега стојат работите, бидејќи клубот е далеку од четвртата позиција.

Scroll to Top