Top Sport

Леброн пробува да им помогне на „Лејкерси“

Леброн Џејмс, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс прифати да ја намали платата.

Тој прифатил двегодишен договор од Лос Анџелес Лејкерс вреден 104 милиони долари, како што објави Адријан Војнаровски од ESPN.

Сепак, имаше корекција на овој договор. Откако НБА лигата постави нов финансиски систем и го подели на три нивоа, Леброн реши да си ја намали платата за три милиони и со тоа да ги остави Лејкерси на второто ниво.

Тој ќе заработи помалку од максималниот договор, што не се случило повеќе од десет години, па за две години ќе инкасира 101 милион долари.

Леброн сакаше помала плата за да ослободи околу 13 милиони долари простор за тип на договор „исклучок од средно ниво“ и можност за ангажман на еден квалитетен играч кој би им помогнал, но не успеаа да најдат таков тип на играч , затоа што сите досегашни понуди поминаа неуспешно.

Последен пат Леброн зема помалена плата во 2010 година во Мајами, а со тие дополнителни 15 милиони долари се создаде супер тим кој имаше две шампионски титули и четири одиграни финалиња.

 

Scroll to Top