Top Sport

Леброн се повреди пред почетокот на сезоната

Лос Анџелес Лејкерс без победа во подготвителниот период ќе влезат во јубилејната 75 сезона, во НБА лигата. Изминатата ноќ, „езерџиите“, доживеаја пораз 116:112 од Сакраменто Кингс. Поголем проблем од поразот за Лејкерси е поредата на Леброн Џејмс.

Леброн, против Кингс, одигра 30 минути, постигна истото толку поени на кои придодаде по шест скока и асистенции. Тој го напушти теренот во третиот период, најверојатно поради повредата на зглобот.

Лејкерси допрва ќе се огласат по повод повредата на Леброн Џејмс.

Scroll to Top