Top Sport

Леброн се врати, Лејкерс победија, Фили им зедоа мерка на шампионите (Видео)

Леброн Џејмс се врати по повредата и ги предводеше Лејкерс до победата над градскиот ривал Клиперс. Леброн беше на асистенција до трипл-дабл во триумфот 123:120. Актуелните шампиони Голден стејт Вориорс ја прекинаа низата од 11 победи. Филадлефија победи во Оукленд 113:104.

Дербито на Лос Анџелес им припадна на Лејкерс, во чии редови по паузата од 40 дена се врати Леброн Џејмс. Најдобриот играч на оваа франшиза мечот го заврши со 24 поени, 14 скока и 9 асистенции. Добра меч одигра и Ленс Стивенсон кој постигна 20 поени. Кај Клиперс се истакна Лу Вилијамс со 24 поени.

Ол Стар играчите на Филалдлефија, Бен Симонс и Џоел Ембид, ставија крај на серијата од 11 победи во која се наоѓаа Голден стејт Вориорс.

Симонс и Ембид постигнаа по 26 поени, а камерунскиот центар додаде и 20 скока. На спротивната страна блескаше Стеф Кари со 41 поен. Кари погоди десет тројки од 18 обиди. Кари во редовите на Вориорс најдобро го пратеше Кевин Дурент стрелец на 25 поени.

На Истокот, дерби мечот се одигра во Торонто каде домашните Репторс беа поразени од Милвоки Бакс.

Јанис Адетокумбо постигна 19 поени за Бакс во победата 105:92. Најефикасен играч на Торонто беше Паскал Сиакам со 28 поени.

Далас Маверикс, без Лука Дончиќ, беа поразени во Детроит од Пистонс 93:89, Орландо Меџик славеа во дуелот со Индијана Пејсерс 107:100, а Сан Антонио Спарс ги победија Бруклин Нетс 117:114.

Scroll to Top