Top Sport

Леброн се врати, Лејкерси го добија старото дерби со Никси

Со Леброн Џејмс на теренот, Лос Анџелес лејкерс го комплетираа својот најголем камбек оваа сезона победувајќи ги со 122:115 старите ривали Њујорк никс.

Работите не изгледаа најдобро за Лејкерси на домашен терен, откако губеа со 42:29 на крајот на првата четвртина, и изгледаше дека Никси ќе стигнат до лесна победа, но со фантастична трета четвртина која ја добија со 31:13, домаќините се вратија во игра и првпат поведоа во вечерта. Њујорк успеаја да примораат продолженија кога Ер Џеј Берет постина тројка во финишот на мечот, но во „овертајм“ Лејкерси доминираа.

Леброн по пропуштањето на пет меча поради проблеми со коленото, заврши со 29 поени, 13 скока, 10 асистенции и една украдена топка за свој четврти трипл-дабл оваа сезона. Ентони Дејвис заврши со 28 поени, 17 скока и 4 блокади. За Никси, Монк беше најдобар со 29 поени и 2 асистенции

НБА РЕЗУЛТАТИ

Орландо – Мемфис 115:135

Вашингтон – Финикс 80:95

Шарлот – Мајами 86:104

Л.А.Лејкерс – Њујорк 122:115 ОТ

Портланд – Милвоки 108:137

Сакраменто – Оклахома Сити 113:103

Scroll to Top