ЛА Лејкерс забележаа победа во дуелот со Денвер Нагетс 121:114, во Стејплс центарот во Лос Анџелес. Лејкерс ја забележаа втората победа во сезоната, додека за екипата од Колорадо ова е прв пораз по серијата од четири победи.
Мечот Лејкерс-Денвер, во целост го обележа Леброн Џејмс кој летово пристигна во Лос Анџелес. На крајот, најдобриот играч на денешницата запиша трипл-дабл од 28 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Сепак клучен човек во пресвртот на Лејкерс беше Кајл Кузма, кој со две забивања во финишот го однесе својот тим на разлика од седум поени. Кузма мечот го заврши со 22 поени, еден повеќе од Џавал Мекги.
Денвер ги предводеше Никола Јокиќ со 24 поени и 11 скока, а дабл-дабл од 20 поени и 10 скока забележа и Џамал Мареј, додека Монте Морис уфрли 20 поени.