Top Sport

Ледеј ги предводеше Жалгирис преку Реал Мадрид! (видео)

Зек Ледеј постигна 26 поени за да ги предводи Жалгирис до првата победа оваа сезона во Евролигата, импресивен 86:73 триумф над Реал Мадрид во третото коло.

Ледеј покрај 26 поени (10-од-14 од поле) имаше 9 скока, додека Најџел Хејс додаде 15, а Мариус Григонис 13 поени за литванскиот клуб. Со оваа победа, Жалгирис ја прекина низата од шест порази од Реал во Каунас и им го нанесе првиот пораз на „кралскиот клуб“.

За Реал, само Ентони Рендолф постигна двоцифрен број на поени (15), додека Серхио Љуљ и Факундо Кампацо имаа по 9 поени.

Руското дерби пак, помеѓу ЦСКА Москва и Химки им припадна на „армејците“, за што најзаслужен беше Американецот Мајк Џејмс. Тој постигна 18 од своите 28 поени во последните 10 минути игра по израмнетиот меч. Вил Клајбурн додаде 21 поен за ЦСКА. Химки доби 25 поени од Алексеј Швед, Девин Букер додаде 18, а Јанис Тима 12 поени.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО

ЦСКА Москва – Химки 99:86 (29:20, 25:24, 22:16, 23:26)

Жалгирис Каунас – Реал Мадрид 86:73 (18:15, 20:19, 19:26, 29:13)

Scroll to Top