Богданд Богдановиќ за Кајл Кузма, ваков трејд на релација Сакраменто Кингс-Лос Анџелес Лејкерс најавуваат американските медиуми. Според новинарот на „Њујорк Тајмс, Марк Стајн, за Кузма биле заинтересирани Сакраменто, Лејкерси немале ништо против доколку во трејдот Кингс го вклучат Богдановиќ.
Други извори тврдат дека Сакраменто не сакале трејд „играч за играч“, сметале дека Богдановиќ вредел повеќе и покрај Кузма сакале уште еден играч на Лејкерси, најверојатно Квин Кук или Ејвери Бредли.
Богдановиќ летово одби да потпише нов договор со Кингс за 52 милиони долари, сметал дека во друга франшиза ќе добие повеќе пари. Од друга страна Кузма, со доаѓањето на Ентони Дејвис е трета, некогаш и четврта опција во нападот на Лејкерс.
Српскиот бек сезонава има просек од 14,5 поени, три скока и 3,6 асистенции, а Кузма бележи 11,8 поени, 3,5 скока и 0,8 асистенции по натпревари.