Центарот на Индијана Пејсерс – Мајлс Тарнер (25) би можело да е новото засилување за Лос Анџелес Лејкерс.
Извор близок на тимот објави дека досега се направени неколку разговори со раководството на „езерџиите“, а претходно во повеќе наврати за неговите услуги се интересирале и од тимот на Шарлот.
Индијана има во план обнова на тимот, а Тарнер е еден од незадоволните од својот статус. Тој смета дека на него гледаат само како играч за задача и дека не го почитуваат доволно.
Тарнер сезонава во просек има 2,7 блокади по меч, а минатата сезона беше најдобриот блокер во лигата, со 3,4 „банани“ по меч.
На тоа треба да се придодаде и 13 поени и 7,4 скока по меч за тимот каде што ја поминува целата кариера.
Во меѓувреме Лејкерси имаат за нив неочекуван скор досега, 13 победи и 12 порази.