Top Sport

Лејкерси губат и од најлошиот НБА тим! (видео)

А требаше да биде сосема поинаку. Со „кралот“ Леброн Џејмс во тимот, фановите на Лос Анџелес лејкерс очекуваа да бидат, ако не конкуренти за титулата, тогаш барем сигурно плеј-оф тим. По низата лоши резултати во саботата дојде дното – поразот од 118:109 од Феникс санс, тимот со најслаб скор во НБА лигата.

Со поразот од Санси (13-51), Лејкерси паднаа на 33-33, со четири и пол натпревари зад Лос Анџелес клиперс за осмото последно место кое води во плеј-офот на 19 натпревари на крај на сезоната.

Мечот беше ужасен за Лејкерси – тие губеа со 10 поени разлика во првата четвртина, одбраната дозволи Санси да шутираат со 65% од поле и да постигнат 118 поени, Лејкерси имаа 32% успешност за тројки (8-од-25), а ниту Леброн не се покажа со две утки на 47.4 секунди пред крајот на натпреварот кога губеа со пет разлика.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Орландо 112:117

Мајами – Бруклин 117:88

Далас – Мемфис 81:111

Филаделфија – Голден Стејт 117:120

Сан Антонио – Оклахома Сити 116:102

Денвер – Њу Орлеанс 112:120

Феникс – Лос Анџелес лејкерс 118:109

Јута – Милвоки 115:111

Scroll to Top