Top Sport

Лејкерси ќе го пензионираат бројот 21 во чест на Мајкл Купер

Лос Анџелес Лејкерс решија да го пензионираат бројот 21 во чест на Мајкл Купер, петкратниот шампион во НБА.

Купер (68) целтаа кариера во НБА лигата, од 1978 до 1990 година, ги помина во Лејкерс и со клубот освои пет титули. Оваа генрација на Лејкерс со Меџик Џонсон, Карим-Абдул Џабар, Бајрон Скот и Џејмс Ворти, а под водство на Пет Рајли бше позната како „шоу-тајм“.

Тој беше најдобриот дефанзивец на НБА во 1987 година и пет пати беше член на јадобрата дефанзивна петорка во лигата. Вкупно за клубот од Лос Анџелес одигра 1041 натпревар.

Scroll to Top