Раководството и стручниот штаб на Лос Анџелес Лејкерс решиле да се откажат од услугите на Демаркус Казинс, пренесува новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.
Лејкерс имаат намера на местото на Казинс да го ангажираат Маркиф Морис на кого наскоро ќе му заврши договорот со Детроит Пистонс.
Казинс е нај малерозниот кошаркар изминатите години во НБА лигата. Откако како играч на Голден стејт Вориорс ја пропушти целата претходна сезона и се појави само во плејофот, реши кариерата да ја продолжи во Лос Анџелес Лејкерс.
Потпиша едногодишен договор со „Езерџиите“ но на 15 август повторно ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото.
Не е познато кога Казинс ќе можа да се врати на кошаркарските терени.
Кошаркарот познат под прекарот „Буги“ е избран како петти пик на драфтот во 2010 година од Сакраменто Кингс. Во кариерата играч и за Њу Орлеанс Пеликанс.
Во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата тој во кариерата има просек од 21,2 поени, 10,9 скока и 3,2 асистенции.