Top Sport

Фјури е 19,4 килограми потежок од Вајлдер

Светскиот првак во ВБЦ верзијата, во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, во недела во Лас Вегас ќе ја брани титулата против Тајсон Фјури.

Многу „тешки“ збориви беа изговорени од двете страни во текот на изминатите неколку дена, а во очекување на мечот боксерите го поминаа и официјалното мерење.

Фјури е многу потежок од својот противник, тој мечот во светскиот првак ќе влезе со 123,8 килограми. Американецот е полесен за 19,4 килограми, односно тежок е 104,4 килограми.

Инаку ова ќе биде втор меч помеѓу овие двајца боксери, во декември 2018 година по 12 рунди немаше победник.

Вајлдер како професионалец боксувал во 43 борби, забележал 42 победи (41 со нокаут), додека Фјури има 29 победи и едно реми.

Борбата за титулата во ВБЦ верзијата ќе започне во 5:30 часот по средноевропско време.

Scroll to Top