Американските медиуми пишуваат дека Лос Анџелес Лејкерс не планираат да застанат кога се работи за засилувањата за новата НБА сезона.
„Езерџиите“ конечно успеаја да го доведат Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс во замена за Лонз Бол, Брендон Инграм, Џош Харт и три пика на наредните драфтови.
Екипата од Калифорнија, според информациите, во својот тим го сака и Каваи Ленард од Торонто, кој може да стигне како слободен играч.
Каваи наводно сака да игра за Лејкерси, го сакал тоа уште кога ги напуштил Спарси, а сега откако ја освои титулата со Торонто и го грабна МВП признанието, многу веројатна изгледа новата преселба по нови предизвици.
И покрај трите (евентуални) ѕвезди во тимот, Џејмс-Дејвис-Ленард, Лејкерси се уште немаат адекватна опција за позицијата бек, па реално е да се очекува да тргнат по Кемба Вокер или Кајри Ирвинг.