Top Sport

Бекер: Ѓоковиќ секогаш прво го прашував – Како спиеше?

Поранешниот број еден тенисер во светот, Германецот Борис Бекер откри детали во врска со соработката со актуелниот најдобар светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Бекер му беше тренер на Ѓоковиќ од декември 2013 до мај 2017 година, а за тој период Новак освои 6 гренд-слем титули.
Германецот вели дека работата со Ѓоковиќ била специфична и успеале да изградат однос полн со доверба кој носи добри резултати.

„Менталитетот на играчот е секогаш проблем. Кога си во најдобра форма и која си најјак и понатаму си чувствителен на одредени работи. Тоа е во врска со тоа како ќе се разбуди, што прво ќе прочита, каков му е односот со сопругата и синот. Секогаш прво го прашував како спиеше, затоа што ако имате проблем, тогаш тука нема концентрација, тренингот не е добар. Тоа беше клуч за него да почне да ми верува“ – вели Бекер.

Германецот раскажа детали и од сопствената кариера.

„На 17 освоив многу, со 18 уште повеќе, а на 19 години изгубив во второто коло на Вимблдон и сите играчи се прашуваа, што се случи. Бев во стилот имам 19 години, изгубив тениски меч, не е така страшно. Се е во тоа како ги гледате работите. Верувајте, и јас мразам да губам, но понекогаш мора да се вратите на почеток. Кога сте млад, на вас влијаат многу работи, посебно медиумите. За среќа, имав добри родители кои се грижеа да не ја губам перспективата“ – рече Борис Бекер.

Scroll to Top