Top Sport

Лејкерси поразени во Мемфис, Денвер во Сан Антонио – 100.трипл-дабл за Џејмс, 62. за Јокиќ

Три натпревари, изминатата ноќ, се одиграа во НБА лигата. Лејкерси забележаа пораз во Мемфис, Сан Антонио го победи Денвер, а Јута победи во Филаделфија. Леброн Џејмс и Никола Јокиќ забележаа трипл-дабл во поразите на своите тимови.

Мемфис и без најдобриот играч, Џа Морент, славеа победа во дуелот со ЛА Лејкерс 108:95. Џарен Џексон постигна 25, а Десмонд Бејн 23 поени за Мемфис.

Лејкерси ги предводеше Леброн Џејмс со 20 поени, 10 скока и 11 асистенции. За Џејмс ова е 100.трипл-дабл во кариерата. Тој е петтиот играч во историјата на лигата со 100 и повеќе трипл-даблови во кариерата. Пред него тоа им успеало на Расел Вестбрук, Џејсон Кид, Меџик Џонсон и Осакр Робертсон.

Никола Јокиќ, во Сан Антонио, го забележа третиот трипл-дабл во низа, вкупно 62.во кариерата. Јокиќ во поразот 123:111 забележа 22 поени, 13 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Ерик Гордон со 25 поени.

На спортивната страна се издвоија Дерик Вајт со 23, Луни Вокер со 21 и Дежонте Мареј со 20 поени.

Лесна победа во Филаделфија запиша Јута. Третиот најдобра тим во лигата победи со 118:96. Блескаше Руди Гобер со 17 поени и 21 скок. Францускиот центар во целост го надигра Џоел Ембид кој постигна 19 поени.

Scroll to Top