Top Sport

Лејкерси повторно ги победија Клиперси

Лос Анџелес Лејкерс по втор пат во период од 48 часа ги совладаа Лос Анџелес Клиперс, Лејкерси славеа со речиси идентичен резултат како и пред два дена. Сега беше 108:102 (34:28, 22:15, 33:34, 19:25).

Лука Дончиќ повторно одигра одлично. Тој имаше 29 поени, шест скока и девет асистенции, со што го предводеше својот тим во победа која ги искачи „езерџиите“ на второто место во Западната конференција.

Лејкерси имаа предност во текот на целиот меч, а во третата четвртина имаа предност од 21 поен, но Клиперси се вратија во мечот благодарение на расположениот Каваи Ленард, но немаа ниту време, ниту сили да направат целосен пресврт.

Ленард натпреварот го заврши со 33 поени и десет скока.

Феникс Санс загубија од Минесота Тимбервулфс со резултат 98:116 (34:28, 17:21, 21:34, 26:33). Белскаше во редовите на Минесота Ентони Едвардс со 44 поени и седум асистенции.

Резултати:

Мајами – Њујорк 112:116 пр.
Орландо – Торонто 102:104
Сан Антонио – Оклахома 132:146
Јута – Њу Орлеанс 121:128
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 108:102
Феникс – Минесота 98:116
Бостон – Денвер 110:103
Кливленд – Портланд 133:129 пр.
Индијана – Чикаго 127:112

Scroll to Top