Top Sport

Лејкерси првпат добија плејоф серија од времето на Коби!

Ентони Дејвис постигна 43 поени, Леброн Џејмс додаде 36 за Лос Анџелес лејкерс да стигнат до 131:122 победа над Портланд трејлблејзерс и за да ја добијат серијата од првото коло во плејофот со 4:1.

Дејвис имаше 14-од-18 од поле и собра 9 скока, додека Џејмс имаше 14-од-19 и10 скока и 10 систенции за да стигне до својот 13-ти трипл-дабл во плејофот.

Ова беше прва победа во плејоф серија за Лејкерси откако ги совладаа Денвер нагетс во првото коло во 2012 година, во време кога во тимот беше легендата Коби Брајант. Следни за нив се подобротие од серијата Хјусон рокитс-Оклахома сити тандер, каде што Хјустон води со 3:2 по доминантната 114:80 победа вчера.

Џејмс Харден имаше 31 поен, Роберт Ковингтон постигна шест тројки за Хјустон да стигнат до убедлива победа и сега во понеделник имаат шанса да влезат во второто коло.

На Истокот пак, Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон имаа дабл-дабл учинок за Милвоки бакс да ја завршат својата серија од првото коло со 118:104 победа над Орландо меџик и 4:1 триумф.

Три дена откако нивното повлекување од мечот со Орландо по застрелувањето на Џејкоб Блејк во Висконсин предизвика дводневна пауза во плејофот, Бакси имаа и 21 поени предност за сега да се судрат со Мајами хит во полуфиналето на Истокот.

Scroll to Top