Top Sport

Ленард го оперирал коленото

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард, поради повредата на предните вкрстени лигаменти, го оперирал коленото.

Најдобриот играч на Клиперс, се повреди пред петтиот меч од полу-финалната серија на Западот, против Јута Џез.

Клубот не објави кога очекува Ленард да се врати на терените. Според прогнозите, Клиперс, најмалку шест месеци ќе бидат без својот најдобар играч.

Клиперс, без Лемард, успеаја да ги елиминираат Џезерите, но не успеаја да се изборат со Финикс Санс во финалната серија на Западот.

Scroll to Top