Top Sport

Ленард и Џорџ не дозволија брејк – Клиперси намалија против Јута на 1:2

Лос Анџелес Клиперс ја забележаа првата победа во полу-финалната серија против Јута Џез. Со убедливата победа од 132:106, Клиперси го намалија резултатот во серијата на 1-2.

Најдобрите играчи на Клиперси, Каваи Ленард и Пол Џорџ, не и дозволија на Јута ниту трошка надеж дека ќе може да направи брејк во првиот меч, во Лос Анџелес. Тие заедно постигнаа половина од поените на својот тим.

Ленард забележа 34 поени, 12 скокови и пет асистенции, Џорџ мечот го заврши со 31 поен и пет скока. По 17 поени за Клиперси постигнаа Реџи Џексон и ветеранот Николас Батум.

Јута, како и во првите два меча ја предводеше Донован Мичел со 30 поени.

Четвртиот натпревар на програмата е во вторник, во Лос Анџелес.

Scroll to Top