Top Sport

Ленард со звукот на сирената ја елиминира Филалдлефија, Денвер и Јокиќ без решение за Мекалум (Видео)

Кошаркарите на Портланд Трејблејзерс и Торонто Репторс ги добија мајсторките против опонентите и се пласираа во конференциските финалиња.

Портланд, во Денвер, ги победија Нагетс 100:96 и во финалето на Западот ќе играат против Голден стејт Ворирос. Торонто, во инфаркт завршница славеа над Филаделфија 92:90 и за титулата во Источната конференција ќе се борат со Милвоки Бакс.

Никола Јокиќ не доби никаква поддршка од соиграчите, особено од најдобриот шутер Џамал Мареј, што Портланд со добрата игра во одбраната и брилијантниот Си-Џеј Мекалум во нападот знаеја да го искористат.

Блејзерс се вратија во мечот откако во првото полувреме Денвер водеа и со 17 поени разлика (39:22).

Јокиќ мечот го заврши со 29 поени, 13 скока, 2 асистенции и 4 блокади. Потфрли Мареј кој имаше лош шут од поле 4/18. Колку Денвер беа лоши во нападот говори и податокот дека на почетокот Јокиќ постигна две тројки, а потоа во останатите три четвртини ниту еден играч на Нагетс не успеа да погоди за три поени.

На спротивната стран Мекалум го предводеше својот тим со 37 поени (14 од нив во третата четвртина). Неговиот партнер од бековската линија, Демијан Лилард, немаше своја шутерска вечер (13 поени, 10 скока, 8 асистенции), но тој погоди две значајни тројки во последната четвртина.

Торонто Репторс забележаа победа над Филалдлефија 92:90, а поените за победа, од тешка позиција, ги постигна Каваи Ленард во последната секунда.

Претходнот најдобриот играч на Репторс погоди едно од двете слободни фрлања, а на четири секунди до крајот на мечот израмни Џими Батлер на 90:90.

Ленард натпреварот го заврши со 41 поен, додека Серж Ибака постигна 17 поени. На другата страна Џоел Ембид забележа 21 поени и 11 скока, а Батлер реализираше 16 поени.

Scroll to Top