Тимот на Куманово загуби во меч од БИБЛ лигата од тимот на Левски од Софија, откако во израмнет меч домаќините беа подобри со 85:78.
Минатогодишниот финалист од балканската лига, беше еднаков противник во првото полувреме, во кое бугарскиот тим имаше предност од само еден поен (45:44). Најефикасен во македонскиот тим беше Миљковиќ со 17 поени, Караџовски уфрли 16, а капитенот Јанески 15.
Левски – Куманово 85:78 (27-25; 18-19; 21-16; 19-18)