Top Sport

Лидерот во АБА лигата падна во Задар

Екипата на Задар го победи лидерот во АБА лигата, Будуќност, 78:69 во првиот натпревар од 12.коло.

Задар го искосристи заморот кај противникот, одличната атмосфера која ја направија неговите играчи, успеа да го казни лошиот шут на кошаркатите на Будуќност во завршните три минути и на крајот заслуќено победи.

По израмнетата прва четвртина Задар носен од публиката успеа да се одвои на 28:17, а полувремето да го заврши со 36:26.

Будуќност успеа да се врати во мечот, кога со серија 2:12, во 24 минута го израмни резултатот на 38:38, а во финишот на третиот период и да стекне предност 43:49.

Резултатската нишалка траеше до последните три минути кога Задар ги казнуваше сите промашувања на противникот од поле. Успеа Задар, предводен од Иванов, да се одвои на 71:62 и практично да ја обезбеди победата.

Задар сега има скор од шест победи и исто толку порази, додека Будуќност го забележа вториот пораз.

Бостиќ со 20 и Вуковиќ 19 поени го предводеа Задар, додека најистакнат кај Будуќност беше Гибсон со 21 кош.

Scroll to Top