Top Sport

Норвежанките ги „прегазија“ Холанѓанките за ново финале

Норвешка ќе ја брани светската титула во ракомет, откако во првото полуфинале на СП во Германија со 32:23 ја „уништија“ Холандија.

Шампионките повторно беа доминантни од почеток до крај, за да обезбедат финале против подобриот од дуелот Шведска-Франција, кој се игра од 20.45 часот.

Нора Мерк повторно беше најдобра со седум гола, додека Офтедал додаде шест, додека кај Холанѓанките, Ван дер Хејден уфрли шест гола.

Scroll to Top