Top Sport

Лилард го пропушта Ол стар натпреварот

Демијан Лилард најдобриот играч на Портланд поради повреда ќе го пропушти Ол стар натпреварот во Чикаго.

Лилард се повредил на натпреварот со Мемфис Гризлис кој го завршил со 20 поени. Бекот на Портланд требаше да настапи во тимот на Леброн Џејмс.

Се уште не е познато кој ќе го замени Лилард на 16 февруари на натпреварот во Чикаго.

Дејм оваа сезона има просек од 29,7 поени, 7,9 асистенции и 4,3 скока по натпревар. Тој погодива 46,2 отсто од шутевите од поле, реализира тројки 39,5 отсто од обидите за три поени.

Scroll to Top