Top Sport

Кличко: Ако Фјури го победи Вајлдер, ќе му дадам реванш

Поранешниот шампион во тешка категорија Владимир Кличко признал дека со задоволство би се вратил доколку противник би му бил Тајсон Фјури. Британецот со сензационална победа над Кличко во 2015 година ја прекина децениската доминација на Украинецот во тешка категорија.

Додека Фјури се подготвува за напад на титулата во ВБЦ верзијата, каде противник ќе му биде Дионте Вајлдер, Кличко го прогнозира исходот на борбата и најавил дека размислува да се врати во рингот.

„Мислам дека Вајлдер ќе го нокаутира Фјури. Меѓутоа доколку не се случи тоа, тогаш предвидувам победа на Фјури со одлука на судиите“, рекол Кличко.

„Исклучително го почитувам Вајлдер. Беше во мојот тренинг-камп, многу време работавме заедно. Фантастичен боксер. Доколку Фјури го победи тогаш тој заслужува реванш со мене“.

Сепак Кличко не сакал официјално да објави дека се враќа во рингот.

„Дали е ова објава дека се враќам? Не“, рекол легендарниот боксер.

Инаку по поразот од Фјури во 2015 година Кличко одработил само уште една борба. Во 2017 година тој со нокаут бил поразен од Ентони Џошуа. Потоа Кличко објави крај на кариерата.

Scroll to Top