Top Sport

Лилард и Нуркиќ за победа на Портланд над Хјустон

Портланд трејлблејзерс повторно одиграа тесен натпревар, но успеаја да стигнат до 110:102 победа над Хјустон рокитс, предводени од Дејмијан Лилард, Кармело Ентони и Јусуф Нуркиќ.

Лилард беше лидер на Портланд со 21 поени, додека Кармело Ентони прво на 104:102 погоди тројка, а потоа во финишот и слободното фрлање со кое се поставија конечните 110:102. Босанскохерцеговскиот џин Јусуф Нуркиќ имаше 18 поени, но и неверојатни 19 скокови во победата на Блејзерси.

Тесна победа оствари и Бруклин нетс над лидерот на Источната конференција, Милвоки бакс (119:116), откако МВП на лигата Јанис Адетокумбо играше само во првото полувреме за Бакси. Бруклин беа фантастични во првото полувреме во кое погодија 13 тројки и по првите 12 минути имаа +6 предност. Адетокумбо играше 16 минути во првото полувреме, а во второто воопшто не влезе во игра.

Scroll to Top