Top Sport

Лилард и Тејтум ја обележаа првата недела во НБА

Крилото на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум и бекот на Портланд Трејл Блејзерс, Демијан Лилард се прогласени за најдобри играчи на Истокот и Западот во првата недела од новата сезона во НБА лигата.

24.годишниот Ол-стар на Селтикс му помогна на својот тим да ја започне сезоната со три победи. Тејтум имаше просек од 34,7 поени, 8,3 скока и 3,0 асистенции во совршениот старт на сезоната на Бостон.

Од друга страна, искусниот плејмејкер на Блејзерси секако беше најзаслужен за четирите победи во исто толку натпревари од почетокот од актуелната сезона, со одличен просек од 34 поени, 5,3 скока и 4,3 асистенции.

Лилард во победите над Феникс Санс и ЛА Лејкерс постигна по 41 поен.

Scroll to Top